Герасимовски со тимот урбанисти – Иницијативата за конфискација на дивоградби е успех на кои Центар е горд

Центар е првата општина која поднесе Иницијатива за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти. Иницијативата, предложена од градоначалникот Горан Герасимовски беше преточена во законско решение коешто беше победа за сите општини во државата. Зад овој успех стои градоначалникот Горан Герасимовски и неговиот тим, составен од еминентни урбанисти и архитекти.

Танкица Христова Спасовска, м-р Биљана Насковиќ, м-р Дамјан Цингарски, Александра Марсениќ Крајчески, Ана Лукиќ Коробар, д-р Маја Лазаревска и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља е тимот што работи на планови за хуман развој и одржлива урбанизација во Општина Центар со акцент на зеленило, велосипедизам, подземни паркинзи, јавни плоштади и квалитетно партерно уредување.

Герасимовски, истакнува дека тимот ќе продолжи да се надградува и проширува со нови експерти, со цел посеопфатно да се одговори на предизвиците на современиот урбан развој.

„Ние сме лидер во промените, со храбри и визионерски одлуки секогаш во интерес на центарци. Прифатена е иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти, што подоцна се преточи во законско решение, кое беше победа не само за нашата општина, туку и за сите општини во државата. Со одлуките што ги донесовме, воведовме нови стандарди усогласени со европските практики. Секое издавање дозвола за градба мора да предвидува паркинг-места за велосипеди, а употребата на механизирани системи за паркирање е ограничена на максимум десет проценти од вкупниот број паркинг-места. Деталните урбанистички планови за Буњаковец и Дебар Маало предвидуваат зголемување на зелените површини, враќање на парковите и јавните простори на граѓаните, како и задржување и проширување на дрворедите и велосипедските патеки долж главните улици“, истакна Герасимовски.

Тој вели дека се работи на изградба и уредување на велосипедски патеки и јавни плоштади, а се воведува ред и во градежните зони со обврска оградувањето на градилиштата да биде исклучиво во рамки на градежната парцела и се сопира злоупотребата на рамните кровови кои досега се користеа како тераси.

„Приоритет на општината е обезбедување повеќе зеленило и јавни простори, современа инфраструктура и функционален сообраќаен систем со решенија за паркирање кои ќе го намалат метежот“, додава Герасимовски.

„Работиме на изградба и уредување на велосипедски патеки и јавни плоштади, воведуваме ред во градежните зони со обврска оградувањето на градилиштата да биде исклучиво во рамки на градежната парцела и ја сопираме злоупотребата на рамните кровови кои досега се користеа како тераси. Урбанизмот е клучен инструмент за создавање квалитетен и одржлив животен простор. Како врвен приоритет го поставивме рационалното искористување на просторот, уредувањето на јавните површини и обезбедувањето рамнотежа помеѓу станбените, деловните и рекреативните зони“, додава Герасимовски.

Back to top button
Close