Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ со медијатека, новото катче за знаење е пример за современо образование

Учениците од општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј” од годинава располагаат со современа медијатека, која претставува голем исчекор во дигитализацијата на наставниот процес и унапредување на знаењето. Медијатеката е опремена со единствен софтвер кој им овозможува на учениците полесно да пристапуваат до литература, да ја резервираат книгата што им е потребна преку сопствена е-пошта, да пребаруваат по наслови и автори и да добиваат потсетување за враќање на позајмените книги.

Градоначалникот Горан Герасимовски, утрово, при посета на ова училиште потенцираше дека се пример за тоа како едно училиште треба да вложува во делот на посветеноста на кадарот во образовниот процес, а со современата медијатека учениците го зајакнуваат своето знаење.

 

„Медијатеката е пример за тоа како училиштата можат да ги модернизираат своите наставни процеси. Верувам дека ова катче ќе стане омилено место за стекнување знаење и инспирација кај учениците. Можам слободно да кажам дека ова е едно од училиштата што најмногу го посетувам, вие бевте пример и единствени од сите училишта во државата кои први ги отстранија мобилните телефони за време на настава, тоа беше поттик да продолжиме и во останатите седум училишта во Центар. Како општина посветуваме многу внимание за спречување на врсничкото насилство”, рече Герасимовски.

Преку современата медијатека библиотекарот и наставниците имаат целосен увид во бројот и достапноста на насловите, во евиденцијата на учебници по паралелки, како и во користењето на ресурсите во секое време и од било кое место. Оваа дигитална алатка значително ја олеснува наставата и создава нови можности за учење и развој.

Back to top button
Close