Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО
На огромно бело платно, тие ги испишаа имињата на сите загинати и повредени во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Иницијативата „Кој е следен“ денеска со герила акција побара правда за жртвите од пожарот на 16 март во Кочани.
На огромно бело платно поставено пред зградата на Основното Јавно Обвинителство во Скопје, тие ги испишаа имињата на сите загинати и повредени во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Денес сме тука да потсетиме дека поминаа 2 месеци од најголемата трагедија во нашата историјата. Најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Денес го потсетуваме Основното јавно обвинителство, го потсетуваме системот, ја потсетуваме јавноста дека зад бројките стојат човечки животи”, соопштуваат од иницијативата
Фото: РадиоМОФ