Германците избираат наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска го избираат идниот состав на парламентот и индиректно идниот канцелар, кој ќе ја наследи Ангела Меркел

Федералната изборна комисија ја одобри кандидатурата на вкупно 54 партии, но на изборите излегуваат 47 партии, а се натпреваруваат 6.211 кандидати, од кои 2.024 се жени.

Се очекува главната борба да ја водат конзервативните демохристијани (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД).

Меркел веќе ги повика Германците да го поддржат нејзиниот наследник во ЦДУ Армин Лашет, додека некои анкети предност му даваат на социјалдемократот Олав Шолц.

Трета политичка сила се опозициските Зелени, која, исто така, се надева на победа и официјално предложи кандидат за канцелар – Аналена Бербок.

Покрај нив, во Бундестагот најверојатно ќе влезат и партии кои и сега имаат пратеници – Либералите (ФДП), крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и партијата Левица

 

 

Back to top button
Close