Германците пијат повеќе алкохол за време на кризата со коронавирусот

За време на пандемијата на коронавирусот се зголеми и потрошувачката на алкохолни пијалаци во Германија, покажа студијата на Централниот институт за духовно здравје (ЗИ) од Манхајм и Клиниката во Нирнберг.

Според тоа истражување, една третина, односно 35,5 проценти од возрасните жители на Германија, изјавиле дека пијат повеќе за време на кризата со коронавирусот.

Студијата, како што се наведува, не е репрезентативна, но ги покажува првите сознанија за алкохолизам за време на рестриктивните мерки воведени со цел борба против коронавирусот.

Back to top button
Close