Германија без Хаверц на стартот на мундијалските квалификации

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се соочува со голем број повредени играчи пред стартот на квалификациите за Светското првенство во 2026 година и натпреварите против Словачка и Северна Ирска на почетокот на септември.

Во составот на Нагелсман, како што јавија денеска германските медиуми, повторно нема да биде 26-годишниот напаѓач на Арсенал, Каи Хаверц.

Сè уште не е познато колку долго Хаверц ќе биде надвор од теренот овој пат.

Хаверц не беше дел од германската репрезентација и минатата сезона кога ја пропушти целата Лига на нации поради повреда на бутниот мускул.

Покрај тоа, Нагелсман ќе биде и без услугите на Џамал Мусијала поради фрактура на ногата, Марк-Андре тер Штеген поради операција на грбот и Нико Шлотербек поради операција на коленото.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close