Германија блокирана: Грешка во апликацијата „Гугл Мапс“ предизвика тотален хаос на автопатите
Грешка во апликацијата „Гугл Мапс“ ги збуни возачите на автопатите во Германија, откако покажа голем број црвени точки што претставуваат знаци за застанување.
Конфузија владееше на германските автопати и патишта на почетокот на еден од најпрометните празнични викенди во годината, бидејќи Google Maps погрешно покажа големи делови од мрежата како затворени.
Корисниците на апликацијата во големите градови како Франкфурт, Хамбург и Берлин и на автопатите што ги поврзуваат западна, северна, југозападна и централна Германија наидоа на мапи покриени со црвени точки што ги симболизираат знаците за стоп. Сличен инцидент се случи во делови од Белгија и Холандија, пишува Гардијан.