Германија е подготвена за повлекување на американските војници

Германската Влада имајќи го предвид најавеното повлекување на американските војници од Германија, заедно со погодените покраини, ќе се усогласи со Владата на САД и со НАТО, се наведува во заедничко соопштение на неколку германски владини институции.

Во соопштението пишува дека САД планира трајно да го намали бројот на американски војници во Германија за 6.400 војници, на вкупно 25.000 војници.

Повлекувањето и преместувањето на војници влијае на базите во Штутгарт, седиштето на УСЕУКОМ и УСАФРИКОМ, базата во Вилсек што припаѓа на големата база Графенвер и базата во Шпангдалем.

Во соопштението се истакнува дека плановите за повлекување и преместување на војниците можат дополнително да се променат, додавајќи дека спроведувањето на одлуката може да следи во краток рок.

Back to top button
Close