Германија го прогласи Брисел за ризичен град поради коронавирусот
– Германија го прогласи градот Брисел за ризична област заради големиот број заразени од коронавирус, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Министерството ги предупреди граѓаните да не „одат на туристички патувања“ во Брисел, каде што за седум дена бројот на нови пациенти со Ковид-19 ја надмина границата од 50 случаи на 100.000 жители, пренесе Хина.
Пред две недели, Германија ја вклучи белгиската провинција Антверпен на списокот на области со ризик, така што повратниците од овие области треба да бидат тестирани при враќањето во земјата и да бидат ставени во карантин, се додека не се добијат резултатите од тестот. сд/