Германија и даде на Украина тенкови, ракетни фрлачи и противвоздушни системи
Украина доби обемен нов пакет оружје од Германија, соопшти денеска Министерството за одбрана во Киев.
Испораката, потврдена и од германската влада, вклучува 15 борбени тенкови Леопард 1 А5, два противвоздушни тенкови „Гепард“, самоодна хаубица „Панцерхаубице 2000“, два противвоздушни системи „Ирис-Т“ и два ракетни фрлачи „Патриот“.
Противвоздушните системи се особено важни за Киев во борбата против руските напади со дронови и ракети, кои се интензивираа во последните неколку недели, пренесува ДПА.
Германската влада соопшти дека испораката на дополнителните системи Ирис-T била ветена во 2023 година.
Германија сега ѝ даде на Украина дополнителни 65.000 парчиња муниција за противвоздушните тенкови Гепард, како и дополнителна муниција за системот Ирис-Т.
Покрај тоа, Берлин испорача ракети воздух-воздух AIM-9 L/I Sidewinder, кои им овозможуваат на борбените авиони да напаѓаат цели во воздух.
Покрај тешкото оружје, новиот германски пакет вклучува и камиони, дронови, радарски системи и муниција.
Германија досега испорача, или вети, вкупно околу 28 милијарди евра (29 милијарди долари) воена помош за поддршка на Украина.