Германија и Франција ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина, „Луфтханза“ укинува летови

Германија и Франција денеска ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина поради влошувањето на ситуацијата во источниот дел на земјата, соопштија министерствата за надворешни работи на двете земји.

Германското Министерство ги повика своите граѓани „итно“ да ја напуштат Украина поради опасност од вооружен конфликт, пренесува МИА.

„Предупредуваме на опасност од патување во Украина“ се вели во соопштението и се додава дека германските граѓани се повикуваат „итно да ја напуштат Украина“.

Франција им препорача на своите граѓани да ја напуштат Украина, а оние на Истокот на земјата веднаш да ја напуштат областа.

„Се препорачува сите француски граѓани чиј престој во Украина не е неопходен да ја напуштат земјата“ соопшти француското Министерство.

Се додава дека оние што се во областите на Харков, Луганск и Доњецк, како и во реонот на Дњепар, „се повикуваат да ги напуштат тие области без одлагање“.

Во меѓувреме, германската авиокомпанија „Луфтханза“ соопшти дека од понеделник ќе ги прекине летовите до и од украинските градови Киев и Одеса.

Компанијата ќе ги реализира последните летови до тие градови во текот на викендот пред да ги прекине од понеделник до крајот на месецот.

„Луфтханза“ ќе продолжи да лета до Лавов, град во западна Украина.

 

 

 

Back to top button
Close