Германија планира да купи три воени бродови

Германската армија планира да купи најмалку три фрегати од класата МЕКО А-200 од германскиот производител на воени бродови ТКМС, изјавија неименувани извори.
Еден брод чини околу една милијарда евра, а ТКМС првата фрегата може да ја испорача во 2029 година, а останатите за помалку од една година.
Парламентот на Германија е известен за прелиминарниот договор, а формалниот купопродажен договор се подготвува во Владата.






