Германија: Претреси во домови на припадници на ултрадесничарски групи

Германската полиција спроведе рации во три сојузни држави откако Владата ја забрани ултрадесничарската група „Волфбригејд 44“, изјави портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Извршен е претрес во домовите на 13 припадници на „Волфбригејд 44“, во сојузните држави Хесен, Мекленбург-Западна Померанија и Северна Рајна-Вестфалија.

Во акцијата се запленети средства и пропаганден материјал на групата.

Портпаролот на германското МВР истакна дека „секој што ќе се бори против основните вредности на германското слободно општество, ќе се соочи со одлучни владини реакции“.

Ултрадесничарската група, која е основана во 2016 година, се залага за повторно воспоставување нацистичка диктатура. Познато е дека групата поседува оружје и дека нејзините членови учествуваат на ултрадесничарски протести.

Back to top button
Close