Германија се залага против вето во ЕУ

Не може повеќе да бидеме држени како заложници од оние кои ја парализираат европската надворешна политика со своите вета, изјави денеска шефот на германската дипломатија Хајко Мас, обвинувајќи ги оние кои го прават тоа дека ја загрозуваат кохезивноста на Европа, пренесува Дојче Веле.

-Затоа кажувам многу отворено: ветото мора да замине- дури и ако тоа значи дека можеме да бидеме надгласани – рече Мас.

Тој не именувал никого, но неодамна Унгарија блокираше повеќе заеднички изјави на ЕУ, а исто така и почетокот на преговорите на ЕУ со Македонија беа блокирани прво од Франција, а сега и од Бугарија.

Back to top button
Close