Германија со 1.244 умрени го регистрира најголемиот дневен раст на смртни случаи од Ковид-19

Германија во изминатите 24 часа го забележа најголемиот број на смртни случаи од коронавирус, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“, наведувајќи дека до полноќ биле потврдени уште 1.244 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата од почетокот на пандемијата изнесува 43.881.

Според податоците на институтот, изминатото деноноќие се потврдени и 25.164 нови случаи на инфекции.

Германските власти размислуваат за воведување многу построги ограничувања за да се запре постојаниот раст на бројот на инфекции во земјата.

Седумдневниот просек на нови случаи се зголеми во последните две недели од 23,36 нови случаи на 100.000 жители на 30 декември, на 26,03 нови случаи на 13 јануари.

Back to top button
Close