Германија со реципрочна мерка за руските авиокомпании

Германија ги суспендира летовите на руските авиокомпании на нејзина територија затоа што Москва не даде одобрение за летовите на германската авиокомпанија Луфтханза кон Русија, соопшти денеска германското Министерство за транспорт.

Тие забрани се одвиваат во контекст на конфликтот со Белорусија, иако ниту германското Министерство за транспорт ниту авиокомпанијата не наведоа причина за неиздавањето на лиценци.

– Руската управа за авијација не ги одобри двата закажани лета утрово, кои мораа синоќа да бидат откажани, се наведдува во соопштението на германското Министерство за транспорт.

Германија како реципрочна мерка не даде одобрение за летовите на руски компании, што доведе до откажување на летовите на компаниите Аерофлот и С7.

Германското Министерство за транспорт најави дека летовите на руски компании ќе бидат одобрени веднаш штом Луфтханза добие одобрение за своите летови.

Back to top button
Close