Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

„Преспанскиот договор е обврзувачки според меѓународното право. Тој важи и Северна Македонија е обврзана на него. Мислам дека е многу важно за позиционирањето како доверлив партнер во меѓународната заедница да не се појави сомнеж дека обврзувачките договори според меѓународното право ќе бидат почитувани и од идната влада“, вели Петра Дрекслер.

360°: Новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, а и во партијата што најверојатно ќе ја предводи идната влада, сметаат дека усно не мора да го користат уставното име на земјава. Во Грција не мислат така. Кој е Вашиот став?

Петра Дрекслер: „Фактичката состојба е сосема јасна. Преспанскиот договор е обврзувачки договор според меѓународното право. Тој важи и Северна Македонија е обврзана на него. Мислам дека е многу важно за позиционирањето како доверлив партнер во меѓународната заедница да не се појави сомнеж дека обврзувачките договори според меѓународното право ќе бидат почитувани и од идната влада.“

360°: Ако земјата биде блокирана на патот кон ЕУ, постои ли ризик за зголемено незападно влијание и кои би биле последиците од тоа?

Петра Дрекслер: „Од германска перспектива е сосема јасно. Северна Македонија, земјите од Западен Балкан припаѓаат во ЕУ. Ние не сакаме и не можеме да си дозволиме сиви зони во Европа. Сакаме заедно да работиме на тоа нашата Европска Унија да биде уште посилна. Сосема е јасно, за нас Северна Македонија припаѓа во

Целото иинтервју на Владимир Мирчевски новинар од 360 мк со Германската амбасадорка Петра Дрекслер прочитајте го тука

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close