Германска министерка: Наскоро договор за квота на жени на високи функции

 Германската министерка за жени, Франциска Гифај денеска изрази надеж дека коалициската Влада наскоро ќе договори квота за учество на жените во управните одбори на најуспешните германски компании, врз основа на квотите од 30 отсто во надзорните одбори, воведени во 2015 година.

Гифај ја претстави првата владина стратегија за рамноправност, која има цел колку е можно повеќе жени да добијат раководни позиции, да се намали родовиот јаз во платите и да се подобри балансот меѓу деловниот и приватниот живот.

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази поддршка минатата недела за одредување квоти за управните одбори, додавајќи дека разговарала со Гифај, која во февруари предложила закон околу ова прашање, но се уште чека поддршка од партијата на Меркел – ЦДУ.

Гифај, која е членка на социјалдемократите, коалициски партнер на ЦДУ, изрази надеж дека ова лето ќе биде постигнат договор, кој ќе овозможи во управните одбори во околу 100 најдобри компании во Германија да има најмалку една жена, доколку управувачкиот тим биде составен од над три лица.

– Сметам дека тоа не е неразумен товар, туку предзнак на модерна земја, додаде германската министерка.

Back to top button
Close