Германската фудбалска федерација го сака Клоп за селектор
Спортскиот директор на германската репрезентација Руди Волер одговори на прашањето кој би можел да го наследи Јулијан Нагелсман на местото селектор на националниот тим.
-Доколку Јулијан Нагелсман во одреден момент одлучи дека би било подобро тој повторно да биде тренер на друг клуб, тогаш секако дека ќе го земеме предвид Клоп.
Клоп долго време работеше надвор од Германија. Се разбира, ние во федерацијата многу го цениме. Јирген Клоп имаше неверојатна кариера, изјави Фелер за тамошните медиуми.
Минатото лето Клоп го напушти Ливерпул, каде работеше од октомври 2015 година. Германскиот стручњак кон крајот на јули објави дека се повлекува од тренерската кариера.
Нагелсман ја презеде германската репрезентација во септември минатата година. Неговиот договор со репрезентацијата е до летото 2026 година.