Германската полиција запрела вооружени десничари кои сакале да спречат мигранти да влезат во земјата

Германската полиција соопшти дека запрела повеќе од 50 десничари вооружени со солзавци, мачети и палки кои сакале да патролираат долж полската граница за да спречат мигранти да влезат во земјата.

Вооружените лица го следеле повикот од страна на „Третиот пат“, екстремно десничарска партија за која се сомнева дека се поврзани со неонацистички групи, а тие ги испратиле нивните членови да ги запрат илегалните премини во близина на градот Губен на германско-полската граница.

Полицијата запленила оружје на 50 осомничени и ги принуди да ја напуштат областа доцна синоќа, изјави портпаролот на полицијата.

Некои од осомничени дошле на полската граница од различни делови на Германија. Десетици луѓе вчера се собрале во Губен за да се спротивстават на планираните десничарски патроли.

Back to top button
Close