Германската Влада ги предупреди демонстрантите да држат физичка дистанца

– Германската Влада денеска ги повика демонстрантите кои го кренаа гласот во знак на протест против расизмот и полициската бруталност да се придржуваат кон правилата за социјално (физичко) дистанцирање, откако за време на викендот во Берлин се собраа 15.000 лица и 25.000 во Минхен.

Владиниот портпарол Штефан Зајберт изјави дека е „добро е што германските граѓани излчегуваат на улиците со јасен став против расизмот“, но додаде дека во некои случаи сликите од протестите не беа „добри“ и дека демонстрантите се ставаат во опасност и самите себе и другите.

-Двете работи се можни: да се протестира мирно, што е основно право, но и да се задржи социјалната дистанца, рече Зајберт, пренесе „Гардијан“.

Весникот наведува дека на фотографиите и снимките од протестите покажело да се види дека демонстрантите се збиени едни до други,  иако во Германија е препорачливо држење растојание од најмалку 1,5 метар. сд/

Back to top button
Close