Германски ски – скокач се повлече од Планица поради страв од височина

 

Германскиот ски-скокач Филип Рајмунд се повлече од настап викендов на легендарната ски скокалница Планица поради страв од височина.
Давесетичетиригодипниот Германец во објава на социјалните мрежи објасни дека, иако го контролира стравот од височина во најголем дел од неговите скокови, Планица е претставува преголем ризик за него.
Лоцирана во прекрасен алпски амбиент во долината „Под Понцем“ на тромеѓето меѓу Австрија, Италија и Словенија, брзината на мостот на скокалницата Планица достигнува и до 140 километри на час, а скоковите надминуваат и 240 метри.
„Вообичаено не е проблем за време на ски скоковите, но одвреме-навреме имам проблем, главно за време на ски летовите, што телото реагира без јас да го контролирам. Затоа претпочитам да не ризикувам“, изјави Рајмунд.
Рајмунд е 22-ри во генералниот пласман на Светскиот куп во ски-скокови

Back to top button
Close