Германски војници во Ирак заразени со коронавирус

Шест германски војници од составот на меѓународните сили во северен Ирак се заразени со коронавирус.

Германскиот Бундесвер објави дека војниците се сместени во посебен контејнер и се изолирани.

Според писмото во кое имала увид германската новинска агенција ДПА, војниците наскоро ќе бидат вратени во Германија.

Тестирани се и лица кои контактирале со заразени војници.

Back to top button
Close