Германскиот министер за финансии Шолц кандидат за канцелар

 Германскиот министер за финансии Олаф Шолц објави дека раководството на Социјалдемократската партија (СДП) го предложи како свој кандидат за канцелар на изборите следната година.

– Сега е одлучено. Се радувам на забавна, фер и успешна изборна кампања, напиша Шолц на Твитер.

Актуелната германска конзервативна канцеларка Ангела Меркел, чиј четврти мандат истекува следната година, претходно изјави дека нема да се кандидира повторно.

Back to top button
Close