Германскиот министер за одбрана во ненајавена посета на Киев

Новиот германски министер за одбрана Борис Писториус, чија земја најави дека наскоро ќе испрати тешки тенкови Леопард 2 во Украина, денеска пристигна во ненајавена посета на Киев.

– Првиот Леопард 2 пристигна во Киев. Останатите следат, напиша на Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников со слика на која тој и Писториус држат мал модел на германски тенк.

Портпаролот на украинскиот министер потврди дека фотографијата е направена денеска во Киев.

Посетата на Писториус, негова прва на Киев откако стана министер за одбрана минатиот месец, доаѓа додека Украина врши притисок врз западните земји да ја забрзаат испораката на ветените тешки тенкови.

Украина претходно најави дека ќе добие меѓу 120 и 140 западни тенкови, Леопард 2а од германско производство, британски Челинџер 2 и американски Абрамс.

Сепак, датумот на испорака е нејасен и Киев е загрижен дека нема да ги добие тенковите навреме за да одбие можна нова голема руска офанзива, пренесе Бета.

Back to top button
Close