Германскиот МВР сака повторно да се дозволат депортации во Сирија

Генералниот застој на сите депортации од Германија во Сирија не треба да биде продолжен после крајот на оваа година, смета германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.

На претстојната конференција со неговите колеги од 16-те државни администрации на Германија, Зехофер ќе каже дека „во иднина треба уште еднаш да се испита секој поединечен случај дали се можни депортации во Сирија, барем за криминалците и оние што се сметаат за закана“, информира министерот за агенцијата ДПА.

Back to top button
Close