Германските власти затворија 1.400 нелегални веб-страници во Источна Европа поврзани со измами во онлајн тргување
Германските истражители и финансискиот регулатор БаФин затворија повеќе од 1.400 нелегални веб-страници во Источна Европа поврзани со измами во онлајн тргувањето.
Акцијата, наречена „Операција Херкулес“, била спроведена од полицијата во покраината Баден-Виртемберг, БаФин, Европол и бугарските власти. Целта била да се прекинат активностите на мрежи кои овозможувале измамнички инвестициски шеми преку лажни трговски платформи.
Корисниците на овие страници биле насочувани кон брокери кои работеле од кол-центри во странство и ги убедувале да вложуваат големи суми во криптовалути. Во многу случаи, жртвите дознавале дури по неколку месеци дека нивните пари никогаш не биле инвестирани.
– Измамниците стануваат сè повешти, користејќи вештачка интелигенција за постојано создавање нелегални страници и за привлекување инвеститори во замка, изјави Биргит Родолфе од БаФин.
Слична акција беше спроведена во јуни, кога беа блокирани 800 нелегални домени. Оттогаш, регистрирани се повеќе од 20 милиони обиди за пристап до нив.
„Мерките значително ги ослабија криминалните мрежи, бидејќи успеавме да ја нарушиме нивната клучна техничка инфраструктура“, се наведува во заедничкото соопштение