Гевгеличанец превезувал мигрант од Пакистан на мотор

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи – Југ денеска во близина на граничниот премин „Богородица“ го лишиле од слобода 24-годишниот гевгеличанец Г.Б., кој на мотор превезувал нелегален мигрант од Пакистан.

Како што соопшти МВР, Г.Б. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење мигранти“.

Back to top button
Close