Ги удавила двете деца во базен, па се забила со автомобилот во дрво во обид да се самоубие

Австриската телевизија ОРФ и други медиуми јавуваат дека во Абздорф кај Тулин, во Долна Австрија мајка (36) ги убила своите две ќерки, од кои постарата имала седум години, а помалата само седум месеци.

Мајката потоа влегла во автомобилот и се обидела да се самоубие удирајќи со голема брзина во дрво на страната на патот. Во несреќата била повредена и пренесена во блиската болница, но според локалната полиција нејзиниот живот не е во опасност.

Според медиумите, во 9 часот и 30 минути таткото на девојчето се јавил во полиција и рекол дека сопругата по телефон му кажала дека ги убила нивните две заеднички деца и дека сега ќе се самоубие. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и преку отворената врата од балконот влегла во заедничката куќа на брачната двојка.

На помош веднаш пристигнале два хеликоптери и неколку амбулантни возила, но веќе било доцна и лекарите не успеале да ги реанимираат децата.

Back to top button
Close