Ги Верхофстат: Она што се случува во Кент потсетува што значи да се напушти ЕУ

Европратеникот Ги Верхофстад предупреди дека сцените во Кент се потсетување на она „што навистина значи да се напушти Европската унија“.

Поранешниот претседател на работната група на Европскиот парламент за брегзит на Твитер објави дека „заборавивме што значат границите“.

„Некои мислеа дека ќе останат отворени со или без ЕУ. Сега ќе почнат да разбираат што навистина значи да се напушти Европската унија“, нагласи тој.

Стотици камиони се блокирани во британските пристаништа поради одлуката на земјите-членки да ги затворат своите граници за оние кои пристигнуваат од Велика Британија поради новиот вид на коронавирус.

Но, ако ЕУ и Велика Британија не се договорат за трговски договор во рок од 10 дена, ситуацијата може да биде уште покомплицирана. Европската комисија денеска препорача земјите-членки да ги отворат своите граници за да го обноват сообраќајот.

Возачи на камиони (повеќе од 300) се блокирани на аеродромот менстон во Кент.

Manston Airport, which is becoming a lorry park for Dover, is where Brexit and UKIP began. The party took control of Thanet council in 2015 – a major foothold – after the airport was shut.

Farage campaigned to reopen Manston. Brexit has kinda done that pic.twitter.com/sye7pooHDY

— Sebastian Payne (@SebastianEPayne) December 22, 2020

Back to top button
Close