Гигс: На Јунајтед му требаат уште 3-4 засилувања за да се израмни со Сити

 Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс го сподели своето мислење што треба да направат „црвените ѓаволи“ за да бидат конкурентни со ривалите за највисок пласман.

– Ако Манчестер јунајтед сака да се израмни со Манчестер сити, тогаш на тимот му требаат најмалку уште 3-4 квалитетни играчи. Сепак, сега МЈ изгледа импресивно. Тимот со еден Бруно Фернандес и Пол Погба изгледа импресивно, изјави Гигс.

Манчестер јунајтед го зазема 5-то место на табелата во Премиер лигата со 46 бода по 30 кола.

Back to top button
Close