Гир незнае кои би се нашле на црните листи на САД

Говорејќи за корупцијата како прашање од голема важност, евроамбасадорот во земјава потенцира дека во оваа смисла не се работи за идентификување на поединци, туку за промена на системот

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир вели дека нема увид на имиња на поединци кои би можеле или не би можеле да бидат на „црните листи“, односно да бидат цел на санкции.

 

Тој ова го изјави на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање дали Брисел има некакви сознанија за случај на висока корупција во земјава, а во контекст на најавите на американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер дека на „црната листа“ на САД ќе се најдат едно до две имиња од земјава.

 

 

Говорејќи за корупцијата како прашање од голема важност, Гир потенцира дека во оваа смисла не се работи за идентификување на поединци, туку за промена на системот.

 

Прашањето за корупцијата навистина важно прашање што навлекува во сржта на пристапниот процес. Тоа е толку многу важно што го вклучивме во основите. Ја испитуваме борбата со корупцијата и се трудиме да се бориме со секоја фаза од целиот процес. Тука не се работи за идентифукување на поединци туку за промена на системот, за институциите да можат да се борат и да се справат со корупцијата и сите да знаат дека не постои толеранција за корупцијата тоа е долгорочен проце во кој сме вклучени“,

 

нагласи евроамбасадорот во земјава.

Во оваа насока, Гир порача дека Владата ја има водечката улога, но од голема важност, како што рече, се и граѓанското општество, бизнисите и политичките партии,

 

Во врска со црната листа на САД за корумпирани лица во земјава, на која според очекувањата и најавите можно е да се најдат и актуелни функционери, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер вчера изјави дека не постои само една, туку повеќе видови листи за санкции.

Процесот на креирање на овие листи, додаде таа, е постојан и бара време зашто на Вашингтон му треба време да се осигура оти на листата нема да се најде некој кој таму не припаѓа.

„Станува збор за процес што се менува и мислам дека во наредните месеци ќе видиме едно име или две и тоа е процес што ќе продолжи. Не застанува тука“,вели Агелер.

Агелер за очекуваната црна листа на САД: Има лица што вреди да се разгледаат

Back to top button
Close