„Гитаријада 2022″ во Куманово

Во Занаетчискиот дом во Куманово вечер со почеток во 21 часот ќе се одржи манифестацијата „Гитаријада”.

Фондацијата за култура и спорт под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово го организира третото возобновено издание на кумановска гитаријада „Гитаријада – Куманово 2022″.
-Настан врежан во трајната меморија на кумановци, како една од ретките можности на кои што младите бендови имале можност да го презентираат нивниот звук. Оваа година Гитаријадата ќе биде од ревијален карактер, а како главен акт доаѓа култниот и еден од најдобрите бендови на балканските простори „Мизар”. Бенд, кој статусот култен го постигнува веднаш по излегувањето на нивниот деби албум во 1988, кој што е прогласен за најдобар албум во тогашна Југославија. Локална поддршка за Гитаријада Куманово 2022 ќе биде и настапот на кумановскиот метал бенд „Cursed Heart”, а покрај нив ќе настапат и „Nomad„, изјави в.д. директорот на Фондацијата за култура и спорт Марио Арангеловски.
Тој ги повика сите љубители на алтернативната култура да го посетат годинашното издание на „Гитаријадата”. Влезот е слободен. 

Back to top button
Close