Гласањето на болни и изнемоштени во Делчевско се одвива во најдобар ред

Гласањето на болните и изнемоштени лица во Делчевско започна навреме и се одвива во најдобар ред. Митко Стоименовски е жител на Делчево кој денеска гласаше во домашни услови. Тој рече дека гласањето било безбедно и им посака среќа на победниците на изборите.

-Гласањето помина во безбедни услови, го остварив своето право, немаше никакви проблеми, нека им е со среќа на тие што ќе победат, рече Стоименовски.

Освен Стоименовски денеска своето право на глас на територијата на Општина Делчево можат да го остварат вкупно 335 болни и изнемоштени лица.

-Имавме пријавено за гласање вкупно 341 лице, од кои шест барања беа одбиени. Вчера немавме гласање за евидентирани гласачи со Ковид-19. Гласање на болните тече во најдобар ред, а очекуваме така да биде и во текот на целиот ден, истакнаа од ОИК Делчево.

Утре на територијата на Општина Делчево своето право на глас на 36 избирачки места ќе можат да го остварат вкупно 14.680 граѓани.

Back to top button
Close