Гласови кои недостасуваат: Водич за жени филозофи наспроти нивната исклученост од учебниците

„The Philosopher Queens“ ги истакнува мислителките од Хипатија до Хана Арент, за кои авторките велат дека ги нема во повеќето книги за филозофијата.

Двe дипломирани студентки по филозофија издадоа книга со која се слават непрославените филозофки во историјата, откако сфатија дека повеќето учебници и книги на оваа тема не содржат ниту една жена.
Ребека Бакстон и Лиза Вајтинг дошле до идеја да ја напишат „Кралиците на филозофијата“ (The Philosopher Queens: The lives and legacies of philosophy’s unsung women) додека барале книга за најголемите мислителки во историјата.

„Немаше ниту една“, рече Бакстон. „Сепак, најдовме книга наречена Големите филозофи, каде што секое поглавје беше за маж, ии секое поглавје беше напишано од маж. Ова е вообичаено, скоро сите филозофи јавно познат се мажи, а повеќето училишта главно предаваат за „големите“ – кои се сите мажи. Дури и неодамна, филозофот А.Ц. Грејлинг објави книга за Историјата на филозофијата, која не вклучува поглавја за ниту една жена, а преглед на „феминистичката филозофија“ има само на три и пол страници, во кои само една жена се споменува по име. ”
Ова не се случува бидејќи нема жени филозофи, нагласува Букстон. Таа не упати на Хипатиа од Александрија, математичарка, астроном и филозоф кој „била многу позната во нејзиното време – политичарите оделе кај неа за совет и била позната како„ Филозофот “, како и на Мери Астел, рана феминистичка мислителка од 17тиот век.

„Не станува збор за тоа дека овие жени никогаш не биле сфатени сериозно како ригорозни и интелигентни индивидуи од страна на нивните современици, но тогаш зошто биле заборавени?“ – праша таа. „Одговорот што обично го даваат луѓето кои не ги вклучуваат жените во текстовите за историјата на филозофијата е дека ниту една не била доволно влијателна или произвела доволно квалитетен труд за да биде вклучена. Сепак, штом знаете малку за жените во книгата, ќе сфатите дека некои од нив, во нивното време, биле многу добро познати “.
Постојат неколку студии за жени филозофи, додава Бакстон, но тие се насочени кон академска публика. Затоа, откако пронајдоа „безброј жени кои беа достојни за титулата„ голем филозоф“, Бакстон и Вајтинг решијада ја доведат во прашање идејата за „Големите филозофи“ со секое поглавје посветено на жена филозоф, и напишано од жена филозоф.
Издавачот на Unbound вели дека тиражот на книгата бил целосно купен за само 28 дена, со продажба преку меѓународни издавачи на пет различни јазици.
Oд Мери Волстонкрафт и Симон де Бовоар, до Бан Зао, познатата кинеска историчарка и Анџела Дејвис, политичка активистка, книгата има за цел на пошироката јавност ја и ги предочи „начините на кои историјата на филозофијата ќе беше праведна кон жените“.
Според Бакстон, многу луѓе имаат „целосно искривено“ разбирање на историјата на филозофијата. „Со цел правилно да го разбереме минатото, треба да обрнеме внимание на тоа кој е заборавен“, рече таа. „Овие жени имаа и неверојатно вредни идеи кои влијаат на начинот на кој размислуваме за светот денес. На пример, никогаш немало подобро време да ја прочитате „Жените, расата и класата“ на Анџела Дејвис. Нејзината книга толку многу ни раскажува за актуелниот момент и заслужува многу поголемо внимание “.
Извор: Гардиан

превод: Лени Фрчкоска

Back to top button
Close