Главната расправа за пожарот во тетовската модуларната болница одложена за 27 декември

Два часа откако почна судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, текот на главната расправа беше одложен за 27 декември во 10 часот

.До одложување дојде поради несогласување на бранителите на сите обвинети околу презентацијата на доказите од страна на Обвинителството. Тие бараа обвинителот да ги чита сите докази, наместо,  како што рекоа, да ги цитира само насловите. Воедно имаа забелешка дека дел од насловите не се содржани во листата на докази кои како Обвинителство ги доставиле до Судот

За продолжението на главната расправа адвокатите писмено ќе се произнесат по однос на доказите кои ги нуди Јавното обвинителство, а кои не се во бараната форма односно содржина со цел да се избегне одолговлекување на постапката заради чести упаѓања во негирањето на доказите понудени од Јавниот обвинител. Обвинителот се согласи на тоа со оглед дека е во интерес на кривичната постапка по што судот ја одложи главната расправа. Терминот е усогласен по барање на странките.

Back to top button
Close