Главната уредничка на информативната редакција на РТВ Словенија поднесе оставка  

Главната и одговорна уредничка на информативната редакција на Телевизија Словенија, Маница Јанежич Амброжич синоќа поднесе оставка од функцијата во знак на протест против планираните намалувања на програмите за вести.

Таа истакна дека не се согласува со планот за вести за следната година.

Словенечкиот новинарски синдикат СНС објави дека во 2022 година делумно или целосно ќе бидат укинати информативните програми, како и емисиите со гости (ток –шоу).

Словенечките јавни медиуми подолг период се под притисок на десничарската Влада на премиерот Јанез Јанша

Во септември генералниот директор на Словенечката новинска агенција (СТА), Бојан Веселиновиќ поднесе оставка поради тоа што Владата ги замрзна финансиските средства на СТА.

Back to top button
Close