Главниот град не е најзагаден ниту во Македонија, а не пак во светот, тврдат од Град Скопје

Неразбирлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите поголеми градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот.

Ова денеска го соопштија од Градот Скопје, воедно демантирајќи ги информациите кои изминатите два дена се појавија на социјалните мрежи, како и во дел од медиумите, повикувајќи се на податоците од онлајн платформата „Ај-кју-ер“, според кои главниот град е меѓу првите 20 на листатата на најзагадени градови во светот.

„Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кочани, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Тетово. Апелираме до медиуимите, да не потпаѓаат на лажните вести и нечесните политички агенди на ВМРО-ДПМНЕ, туку барем по три пати да ја проверуваат точноста на информациите кои доаѓаат од оваа партиска кујна“посочија од Град Скопје.

Oд градот велат дека во последните две години засадиле 1 400 000 садници, доделиле субвенции за набавка на инвертер клими за граѓаните на градот Скопје, изградиле три нови мега-паркови во Ѓорче Петров, Аеродром и Чаир, а два се во реализација во Сарај и Карпош.

Исчистивме 250 диви депонии кои за жал токму градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно ги формираат со истурање на нивниот смет и градежен шут што веќе се утврдени и доставени налози за глоба“заклучуваат од градската управа.

Им порачуваат на граѓаните во реално време да ги следитат резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на светскиот мониторинг сервис „WAQI“.

 

Инаку, според онлајн платформата „Ај-кју-ер“, воздухот во Скопје е меѓу најзагадените во светот и е меѓу првите 20 на листата.

 

Според податоците објавени на веб-страницата во 10 часот, индексот на загаденост изнесува 95 и Скопје е рангирано на 17. место.

 

Според податоците, во воздухот е измерена значителна количина на ПМ 2,5 честички, односно шест пати над дозволената граница според стандардите на Светската здравствена организација.

Скопје во текот на ноќта беше меѓу првите десет најзагадени градови на „Ај-кју-ер“, а први на листата во континуитет се Делхи, Индија и Карачи, Пакистан.

 

Back to top button
Close