Главниот обвинител на МКС, Кан привремено суспендиран од должноста поради обвинувања за сексуално вознемирување
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан синоќа е привремено суспендиран од должноста поради обвинувања за сексуално вознемирување.

Конечната одлука за неговото евентуално отстранување ќе биде донесена на посебна седница на земјите-членки на МКС.
Одлуката за привремена суспензија на Кан, како што соопшти МКС, е заснована на „извештајот од истрагата спроведена од Службата за внатрешен надзор на ОН, придружните докази, мислењето на посебна група форензички експерти и писмени изјави“.
Во 2024 година колешка го обвини британскиот обвинител Кан за сексуално вознемирување. Таа тврди дека тој подолг период ја вознемирувал подолг временски период и ја принудувал на секс.
Комисија на ОН ги истражи обвинувањата и го поднесе својот извештај во декември 2025 година. Извештајот не е објавен. Тројца судии од Меѓународниот кривичен суд поднесоа правно мислење врз основа на истрагата. Тоа мислење исто така не е објавено.
Кан (56) ги негира сите обвиненија.
Кан беше главен обвинител на МКС од 2021 година и издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рускиот претседател Владимир Путин.






