Гледаа натпревар од Мундијалот, па тргнаа да преминат улица – ги прегази автомобил

Голема трагедија се случи во Њу Џерси за време на Светското првенство.
Имено, две жени починаа откако возач налета на нив и ги прегази на улицата.
Уличните камери за надзор го снимиле осомничениот, идентификуван како 26-годишниот Дејвид Џ. Запата-Вера, како брзо поминува низ раскрсницата, удирајќи две жени и фрлајќи ги во воздух.
Очевидец на настанот тврдел дека Запата-Вера притиснал на гаста кога семафорот светнал зелено, прелетал низ раскрсницата и прегазил двете жени.
Брзата помош реагирала брзо, жените биле префрлени во блиската болница, но таму можеле само да бидат прогласени за мртви.
Осомничениот сè уште се бара, а оваа вест го потресе целиот град каде што се играат натпреварите од Светското првенство.
Финалето на Светското првенство оваа година ќе се одржи токму во Њу Џерси.






