Глигорије Стојановски: Ветуваме дека ќе бидеме гласен коректив на мнозинството

Глигорије Стојановски, носителот на листата со кандидати за советници од СДСМ и коалицијата порача дека ќе бидат коректив на мнозинството во Општина Тетово. Според првичните резултати на Државна изборна комисија СДСМ и коалицијата освоија двајца советници.

– Измина изборниот ден, онака како што очекувавме. Во една фер и демократска атмосфера беа избрани идните советници на општина Тетово. Благодарност до сите оние граѓани кои ја дадоа поддршката за која имаме обврска да не ја изневериме. Како што напоменавме и во кампањата, тука сме, остануваме за соработка со граѓаните и нормално ќе се бориме за најдобрите решенија и одлуки кои ќе се носат во Советот, а ќе се спротивставуваме на се она што мислиме дека се коси со интересот на тетовчани. Ветуваме дека ќе бидеме гласен коректив на мнозинството и дека ќе успееме да наметнеме дел од нашата предизборна програма „Најдоброто за нашата општина”, порача Стојановски.

Тој посочи дека се надева на конструктивни дебати и полемики во Советот и ветуваме дека нема да прекинат заложбите за успешна и попросперитетна општина.

Back to top button
Close