Глоби и казна протерување за пет албански државјани

 

Од МВР денеска соопштија дека пријавените на 23.12.2020 во раните утрински часови, во близина на село Ума ја преминале државната граница од Грција во земјава надвор од граничен премин, а на место викано „Ѓубриште“, по претходен договор со лице од Гевгелија, пријавените Т.Л., Ч.Е. и П.Е. се качиле во патничко возило „Опел Вектра“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.Ф. од Гевгелија, кој за сума од по 100 евра требало да ги однесе до граничниот премин „Ќафасан“.

Но, при контрола од полициски службеници од Полициска станица „Богородица“, кај место викано „Фарма“, во близина на Гевгелија, истите биле затекнати во возилото. Пријавените Ш.Е. и Б.А., пак, се качиле во патничко возило „Ауди“, со бугарски национални ознаки, управувано од З.К. од Гевгелија, кој за сума од по 60 евра требало да ги превезе до Гевгелија.

Back to top button
Close