ГН на Бахреин: Норис најбрз на првиот тренинг
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше најбрз на денешниот прв тренинг пред трката за Големата награда на Бахреин во Формула 1.
Првиот тренинг Норис го заврши со време од 1:33.204 минути. Возачот на Алпин, Пјер Гасли, беше втор со заостанување од 0,238 секунди, додека Луис Хамилтон од Ферари го освои третото место со 0,596 секунди заостанување.
Вториот тренинг е закажан денеска во 17:00 часот, третиот тренинг и квалификациите се утре, додека почетокот на трката за Големата награда на Бахреин е закажан за в недела во 17:00 часот