Го игнорирал решението за самоизолација и домашно лекување, излегувал од дома

Жител на  Свети Николе добил кривична пријава бидејќи не го почитувал добиеното решение за самоизолација во неговиот дом во Лозово поради сомневање дека имал контакт со заболен со Ковид-19.

Тој имал решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за самоизолација од 14 дена во неговиот дом во Лозово, а потоа добил уште едно решение за изолација и лекување со цел да се спречи ширење за вирусот.

Но, полицијата регистрирала дека тој ги прекршил решенијата и го напуштал домот.

Кривичната пријава која му е поднесена е за делото непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Back to top button
Close