Го каснал стршлен и починал: Скопјанец пронајден мртов во својот стан

Маж пронајден мртов во својот стан, додека пак скопјанка тврди дека  го каснал стршлен, а тој од неа побарал да повика Брза помош.

Според пријавеното во 17.00 во Полициската станица Карпош, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека околу 16.30 часот во својот стан на ул.„Никола Русински“ бил пронајден починат М.Т.(49).

На местото на настанот била затекната В.М.(57) од Скопје, која изјавила дека во 16.11 часот добила повик од М.Т. дека го каснал стршлен и побарал од неа да повика итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Back to top button
Close