Го однеле на мостот „Беласица“, го истепале и го ограбиле

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ч.(35) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода”.„Пријавениот, заедно со А.Т. и К.К., со употреба на сила го внеле К.Б. во патничко возило, по што А.Т. со остар предмет му нанел повреди, а потоа на мостот ‘Беласица’ физички го нападнале и му одзеле пари“, се вели во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Back to top button
Close