Го однеле во близина на гробиштата во Арачиново и го нападнале, скопјанец преживеал хорор

На 03.06.2024 во периодот од 17.30 до 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Т.(37), Н.С.(39) и Д.С.(34), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од К.Б.(35) од Скопје дека на 01.06.2024 околу 12.45 часот со патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки го однеле во близина на гробиштата во с.Арачиново, скопско, каде што го држеле без негова волја и физички го нападнале.

Според пријавеното, тој успеал да избега после некое време.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

Back to top button
Close