Го пресретнале со возила, го претепале и го однеле во Шишево: тројца жители на Грчец се приведени

Тројца жители на скопското село Грчец се лишени од слобода поради сомнение дека пресретнале, физички нападнале и противправно одвеле 36-годишен маж од село Семениште.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 13 јуни во 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Р.Б. (45), М.Б. (36) и Б.Б. (34), сите од село Грчец, општина Сарај.

Според пријавата, поднесена на 12 јуни во 21:30 часот, Д.Е. (36) од село Семениште пријавил дека истиот ден околу 14 часот на подрачјето на Карпош бил пресретнат додека управувал „мерцедес“.

„Тројцата со патнички возила ‘хјундаи’, ‘фолксваген тигуан’ и ‘фолксваген пасат’ го пресретнале и запреле неговото возило, по што Р.Б. физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди“, соопшти МВР.

Според пријавеното, по нападот тој бил внесен во едно од возилата и однесен најпрво на автоплац во Карпош, а потоа бил оставен во селото Шишево.

По преземени мерки и активности, полицијата ги пронашла и привела осомничените во полициска станица.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close