Го пробол со нож поради недоразбирање во сообраќајот

МВР информира дека вчера попладне во 12:50 часот во с. Семениште, општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Х.(25) од с. Семениште, постапувајќи по претходна пријава дека на стариот пат Тетово – Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал Е.Е.(34) од с. Арнакија, скопско, при што употребил остар предмет и му нанел убодни рани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава

Back to top button
Close