Го продавал автомобилот преку Фејсбук, па останал без 40.000 евра

На 01.07.2022 во 23.30 часот во полициска станица 21-годишен жител на Скопје пријавил дека бил измамен од А.Ц..

-Според пријавеното, на 22.06.2022 на својот фејсбук профил го огласил за продажба возилото „мерцедес “ за сума од 55.000 евра, по што на 24.06.2022 му се јавил А.Ц. и побарал да се сретнат и да се договорат да го купи возилото. Како што е пријавено, по неколку средби се договориле да направат размена и А.Ц. да му доплати уште 40.000 евра, информира МВР.

Исто така, според пријавеното, тие направиле и договор за размена, по што ги размениле возилата, но до пријавувањето на настанот А.Ц се уште не му ги дал парите, а по повеќето телефонски разговори одбил да му го врати и возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Back to top button
Close